More

    Македонските фудбалери во пресудната битка за пласман на ЕУРО 24

    spot_img

    Македонската фудбалска репрезентација денеска (сабота, 14 октомври) во 15:00 часот во Прага, ќе се судри со репрезентативците на Украина, во обид да обезбеди пласман на Европското првенство 2024 година.

    Селекторот Благоја Милевски и капитенот Енис Барди на официјалната прес – конференција ги споделија очекувањата од овој натпревар. Украина во првиот натпревар во Скопје во јуни забележа победа (3-2), иако на полувремето македонските фудбалери имаа два гола предност. Селекторот Милевски очекува сосема различен реванш.

    – Ме радува нашата форма од септември и се надевам ќе ја задржиме. Доаѓаме во фаза двете селекции да се борат за втората позиција и само победа ни одговара. Очекувам отворен натпревар и допадлив фудбал. Мора да бидеме фокусирани за време на сите 90 минути, а не само 60-65 минути, како што беше во Скопје. Имаме измени во тимовите од јуни, од тој аспект очекуваме да постои разлика од јунскиот дуел – изјави Милевски.

    Капитенот Барди наведе дека и покрај неколкуте отсуства во украинскиот тим, станува збор за многу квалитетна репрезентација.

    – Не размислуваме за нивните отсуства, туку само за нашиот тим. Секогаш разговараме за нашите слаби страни и како да се подобриме. Зборуваме за менталитетот кој сакаме да го промениме, се консолидиравме и го надминавме јунскиот пораз. Со самото тоа што го носиме репрезентативниот дрес, значи дека ние сме најдобрите играчи во моментот, не е потребна поголема мотивација – рече Барди.

    Пред денешниот дуел, македонската репрезентација е на четвртото место во квалификациската група Ц со 7 бодови, колку што имаат и Украина на третото и Италија на второто место. Лидер на табелата е Англија со 13 бодови, додека Малта е на последното место без освоен бод.

    Фудбалските репрезентации на Франција, Белгија и Португалија први обезбедија место на ЕУРО 24, откако на три кола пред крајот на квалификациите го обезбедија едно од првите две места во групите Б, Ф и Ј.

    Актуелниот светски вицепрвак Франција во својот шести настап во групата Б ја забележа и шестата победа, совладувајќи ја синоќа Холандија во Амстердам со 3-2, предводена од двојниот стрелец Килијан Мбапе.

    Својот стопроцентен ефект во европските квалификации го продолжи и Португалија, која во групата Ј ја забележа и седмата победа со триумфот на домашен терен над Словачка од 3-2.

    Двоен стрелец на натпреварот во Порто беше Кристијано Роналдо, кој со тоа дојде до својот 125. гол во репрезентативната кариера.

    Пласман на ЕУРО2024 обезбеди и Белгија, совладуваќи ја со 3-2 Австрија во Виена.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img