More

    Македонскиот репрезентативец во Сплит промовиран на оргинален начин

    spot_img

    Македонскиот фудбалски репрезенативец Александар Трајковски кариерата ја продолжува во сплитски Хајдук. Трајковски го одфицијализира договорот со хрватскиот клуб и во Сплит беше промовиран со спектакуларно видео.

     

    -Преубаво е чувството што дојдов во Хајдук, се мина добро и едвај чекам да му се приклучам на тимот. Ја познавам хрватската лига, играв тука пред 13 години и среќен сум што пак ќе играм во неа и тоа во голем клуб. Имам доста искуство, минав низ неколку силни лиги, имам многу настапи за репрезентацијата и се надевам дека ќе придонесам за остварување на целите на Хајдук. Го познавам добро овој клуб, имаме добра екипа, сите знаат што значи името Хајдук и навистина сум среќен што ќе бидам дел од оваа приказна – изјави Трајковски.

    Македонскиот репрезентативец на „Пољуд“ пристигна како слободен играч, откако му заврши договорот со Ал-Феjхa во Саудиска Арабија. Трајковски кариерата ја почна во скопска Цементарница за Цементарница, потоа настапуваше за Интер од Запрешиќ, Зулте Варегем, Мехелен, Палермо, Мајорка и Алборг.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img