Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди постигна атрактивен погодок во победата на турскиот клуб Трабзонспор против Хатајспор со 2-0 на денешната средба во турскиот шампионат.
Барди имаше одличен настап кој го круниса со погодок во 77 минута со кој домаќините го потврдија триумфот за прекин на серијата од четири порази по ред.
Македонскиот репрезентативец шутираше во негов стил и предизвика еуфорија кај симпатизерите на Трабзонспор.
За Барди ова трет гол сезонава во дресот на поранешниот турски шампион кој моментно се наоѓа на третото место на табелата во домашниот шампионат.