Македонскиот пливач заврши на последното место

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Пливачот Никола Ѓуретановиќ е првиот Македонец кој настапи на Олимписките игри во Париз. Тој денеска учествуваше во квалификациите во трката на 400 метри слободно и имаше симболичен настап.

Ѓуретановиќ пливаше во група со четворица други и на крајот заврши на последното место со време 4 минути, 5 секунди и 38 стотинки, речиси 3 секунди послабо од личниот рекорд.

Следна од македонските натпреварувачи на Игрите 2024 е Анастасија Мојсовска која утре ќе се појави во дисциплината стрелаштво – 10 метри воздушна пушка.

Share This Article