More

    Македонскиот голман ќе замине од Рајо како слободен играч

    spot_img

    Голманот на Рајо Валјекано и на фудбалската репрезентација на Македонија, Столе Димитриевски, се договорил со Валенсија за да настапува за клубот од „Месталја“ од следната сезона, објави шпанскиот дневен спортски весник „Ас“.
    Моментално осмопласираниот тим во Ла Лига, кој го делат три бода од местото што води во Конференциската лига на УЕФА и има натпревар помалку од шестопласираниот Реал Сосиедад, наводно има намера да го продаде својот прв чувар на мрежата Ѓорги Мамардашвили од Грузија и со парите да се засили, вклучувајќи ја и голманската позиција.

    „Во таа стратегија се вклопува и потегот што се подготвува со Димитриевски, голманот на Рајо Валјекано чиј договор завршува на 30 јуни и кој не одговорил на понудата за обновување. Клубот од Мадрид почнува да станува нетрпелив, бидејќи му треба одговор за да може да ја планира следната сезона и порачува дека понудата веќе може да има рок на траење. И ова доцнење на одговорот од голманот има врска со Валенсија, бидејќи, како што дознава овој весник, постои начелен договор меѓу двете страни Македонецот следната сезона да го брани голот на Валенсија“, се вели во објавата.

    На овој начин, Мамардашвили би бил едно од средствата на Валенсија за да се обиде да ја наполни својата каса за летниот пазар. Неговите добри настапи во Ла Лига веќе го привлекоа интересот на премиерлигашите минатата сезона, а понудите сигурно ќе дојдат повторно оваа година“, пишува „Ас“.

    Според „Трансфермаркет“, Мамардашвили, кој има договор со Валенсија до 30 јуни 2027 година, во моментов вреди 28,5 милиони евра, а Димитриевски 3,7 милиони, плус на крајот од сезонава е слободен играч.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img