По реакциите во јавноста околу именувањето на македонскиот јазик во предлог-преговарачката рамка за Северна Македонија, со наводи дека стои само придавката „македонски“ и недостига зборот „јазик“, проверката на преговарачките рамки за Хрватска (земја-членка на ЕУ) и за Србија (земја-кандидат) покажува дека нема каква било разлика, односно јазиците на овие земји биле именувани на идентичен начин кога тие ги почнуваа преговорите за членство во ЕУ, пишува 360 степени.
Во сите три документи: оној за земјава и документите за Хрватска и за Србија, се користи иста формулација околу именувањето на јазиците. Таа гласи:
„Северна Македонија (Хрватска, Србија) ќе треба да изготви превод на acquis на македонски (хравтски, српски) во соодветно време пред пристапувањето и ќе треба да обучат доволен број преведувачи неопходни за соодветно функционирање на институциите на ЕУ во моментот на пристапување“.
Еве како гласи формулацијата за македонски јазик во предлог-преговарачката рамка на С. Македонија:
Eве ја формулацијата за хрватскиот јазик во Преговарачката рамка на Хрватска:
Eве ја формулацијата за српски јазик во Преговарачката рамка на Србија: