Македонскиот дипломатски синдикат изразува крајна загриженост од последната изјава на министерот Бујар Османи

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Македонскиот дипломатски синдикат изразува крајна загриженост од последната изјава на министерот Бујар Османи, во која покажува виден интерес единствено за сопствената плата и притоа во ниеден момент не се осврнува на деградирачките плати кои станаа стандард во министерството со кое раководи.

„Фрапантно е што на првиот човек во дипломатијата не му е важно со колкави примања живеат професионалните дипломати. Синдикатот во повеќе наврати алармираше на фактот дека просечната плата во МНР е под просекот во државата, а воедно е најниска споредена со дипломатите во регионот. Очигледно овие барања и апели не допреле до таткото на куќата и најверојатно завршиле во некоја од корпите за отпадоци. Примањата на дипломатите се под секое ниво на достоинство за оваа фела“, се вели во соопштението на Синдикатот.

Синдикалците во МНР итно бараат во иста пропорција со платите на функционерите, да бидат зголемени и примањата на дипломатите, особено што товарот на секојдневната работа е на тие со примања под државниот просек.

„Притоа, целосно ги отфрламе неприфатливите оправдувањата дека не постои тековно законско решение за уважување барем на дипломатскиот статус, кога во актуелниот Закон за надворешни работи се предвидува додаток за дипломатско звање, кој во овој момент изнесува срамни бруто 163 денари за највисокото дипломатско звање Амбасадор“, се вели во соопштението.

Share This Article