Сигурно добро се сеќавате кога пред неколку години познатиот актер Хоакин Феникс го размрда филмскиот свет со неговата улога во култниот филм „Џокер“ и буквално остави траен белег во светската кинематографија.
Еден таков Џокер добро би и дошол и на македонката естрада, која по се изгледа спие последниве неколку години.
Но, промените се случуваат, Дами и Господа, нашиот, односно македонкиот Џокер вчеравечер на социјалните мрежи ја објави својата нова песна со наслов „Такси“ и за само неколку предизвика бура од коментари…
Она што е интересно, е тоа што сцените од видеото буквално наликуваат на акционен филм, во која главната улога ја има токму Џокер.
Но, од каде идејата за „Такси“, решивме да го прашаме лично Џокер.
– Склоп на секојдневни ситуации: „Викни такси, дојди кај мене, сам сум“. Сигурен сум дека ќе се пронајдат многумина. Од таму ми дојде идејата, не дека е лична моја приказна – накусо изјави Џокер.
Тој ветува дека наскоро ќе ја изненади публиката со уште една нова песна, за која како што вели, ќе биде нешто ново и нетипично за нашата музичка сцена.
Инаку токму Џокер се потпишува како комплетен автор на неговата песна, а исто така негова беше и идејата за видеоспотот, кој го снимаше младиот режисер Дарко Јовановски.