Македонски војници ќе заминат во мисија на НАТО во Летонија

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Македонија ќе набавува повеќенаменски транспортни хеликоптери од Италија. Владата на денешната седница ја усвои информацијата од Министерството за одбрана за потребата на доделување договор за набавка на повеќенаменски транспортни хеликоптери, со склучување договор со Италија.

Од Владата по седницата известија дека министерката за одбрана Славјанка Петровска е овластена во име на Владата да го потпише Аранжманот за соработка во полето на воената хеликоптерска авијација.

Согласно потребата за реформа на одбранбениот сектор и негова интеграција во НАТО, утврдена во Стратегискиот одбранбен преглед, како што е соопштено од Министерството за одбрана, се постапува по Долгорочен план за модернизација и опремување на Армијата на Република Северна Македонија, за постигнување целосна интероперабилност со армиите на земјите партнери во НАТО“, информираа од владината прес-служба.

Како што претходно беше објавено, во постапка на МО и на Генералштабот на АРМ за најдобра била избрана понудата на италијанската компанија Леонардо за набавка на осум хеликотптери од моделите Агуста 149 и Агуста 169. Првиот е со поголема носивост, до 14 патници со опрема, а другиот до 8 патници исто така со вклучена опрема.

Владата, на предлог на Министерството за одбрана, на денешната седница донесе и Одлука за испраќање припадници на македонската армија, за учество во мисијата на НАТО „Зајакнато истурено присуство“ (Enhanced Forward Presence -eFP ) во Република Летонија.

Share This Article