МАКЕДОНСКИ ФИЛМ ГОДИНАВА НЕМА ДА СЕ СНИМА Агенцијата го поништи конкурсот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Агенцијата за филм го поништи конкурсот за финансирање проекти за производство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм за 2024, што значи дека годинава нема да се сними ниеден македонски филм.

Според информацијата на веб-страницата на Агенцијата, Управниот одбор на Агенцијата на седница одржана на 30 октомври донел одлука за поништување на конкурсот, кој беше објавен на 26 јануари.

„Конкретниот Конкурс се поништува поради тоа што со поведувањето и спроведувањето на истиот се утврди дека постојат неправилности и незаконитости во дејствија“, стои во одлуката.

Причините за поништувањето вклучуваат ненавремени одлуки за пријавените проекти, кои не беа донесени ниту во април, ниту по продолжениот рок, што е во спротивност со законските рокови.

Исто така, имало нејаснотии околу роковите за поднесување на пријавите и критериумите за евалуација, како и процедурите за известување. Поради овие проблеми, Агенцијата одлучила дека понатамошно спроведување на конкурсот би било законски спорно и потенцијално штетно, па затоа го поништи конкурсот во целост.

Share This Article