Македонски државјанин осомничен за убиство уапсен е во Босна и Херцеговина. Полициските службеници на Федералната полициска управа (ФУП) на БиХ го пронашле и уапсиле во Бихаќ, објави Аваз.ба
Станува збор за Дејан Ториќ по кој е распишана црвена потерница од Интерпол.
Како што дознава Аваз, Ториќ бил пронајден во стан, кој бил изграден да служи како наменско скривалиште. Поседувал и лажни документи од Македонија.
Уапсениот е предаден во надлежност на Судот на Босна и Херцеговина. Босанската ФУП во потрагата по Ториќ била во координација со ЕВРОПОЛ.
фото: ФУП/Аваз