More

    Македонски државјани досега не се пријавиле за помош по експлозијата

    spot_img

    Досега не се пријавени наши државјани кои побарале помош по експлозијата во Истанбул, информира Министерството за надворешни работи (МНР).

    – Министерството за надворешни работи со крајна загриженост ја следи ситуацијата по последната трагична експлозија во Истанбул и во вонредна функција се ставени Генералниот конзулат во Истанбул, како и Амбасадата во Анкара. При евентуална потреба за помош нашите државјани може да нѐ контактираат на дежурните телефонски броеви: +905456149777 во Истанбул и +38975273732 во Скопје – велат од МНР.

    Премиерот Димитар Ковачевски упати сочувство до турскиот народ за загинатите во денешната експлозија во Истанбул.

    „Упатувам длабоко сочувство до братскиот турски народ, до семејствата на загинатите, до градоначалникот на Истанбул и до турскиот претседател по денешната експлозија во срцето на Истанбул“, напиша Ковачевски на Твитер.

    Досега е познато дека четири лица загинаа, а 38 се повредени во експлозијата што денеска се случи во најпознатата улица и пешачка авенија во Истанбул, Истиклал.

    Како што јави турската телевизија НТВ, експлозијата се случила нешто по 16 часот по локално време, кога улицата била преполна.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img