Македонската ракометна репрезентација вечерва загуби од Франција со 14:24 во својот прв настап на Европското првенство 2022

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Македонската ракометна репрезентација вечерва загуби од Франција со 14:24 во својот прв настап на Европското првенство 2022.

Избраничките на селекторот Љубомир Савевски, натпреварот во СЦ „Борис Трајковски” го почнаа лошо и по 15 минути имаа негатива од 0:5. На првиот наш гол се чекаше 16. минута кога погоди Јована Кипријановска. Во 21. минута македонската репрезентација се доближи на 3:6, но повторно следуваа пет врзани гола на Французинките за највисоки +8 во првото полувреме (3:11). На паузата се отиде со резултат 5:12.

Франција која пред средбата важеше за апсолутен фаворит слично го почна и второто полувреме. Со серија од 3:0 за првпат стигна до двоцифрена предност (5:15). Оваа разлика им овозможи на гостинките со рутинирана игра да дојдат до сигурна победа.

Најефикасна во македонскиот состав воедно и натпреварот беше Моника Јанеска со пет голови.

„Црвено-жолтите” бодрени од околу 3.000 гледачи вечерва не успеаја да направат изненадување, па шансата за први бодови ќе ја бараат в понеделник против Холандија.

Холанѓанките во терминот од 20:30 часот, исто така во „Борис Трајковски” ќе играат со Романија по што ќе се комплетира првото коло во Ц-групата на Еуро 2022.

Share This Article