Македонската фудбалска репрезентација одигра попладнево 1-1 против Фарски острови на гостински терен во воведниот натпревар од новата сезона во Ц дивизијата во Лигата на нации

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Македонската фудбалска репрезентација одигра попладнево 1-1 против Фарски острови на гостински терен во воведниот натпревар од новата сезона во Ц дивизијата во Лигата на нации.

Натпреварот во Торашвн почна непријатно за избраниците на селекторот Благоја Милевски, откако капитенот на Фарски острови. Вилјормур Давидсен, им донесе водство на домаќините од пенал во 9 минута.

Македонскиот состав во продолжението на првото полувреме беше немоќен да ја пробие домашната одбрана, а единствената шанса пред противничкиот гол ја имаше Дарко Чурлинов.

Израмнувањето, сепак, дојде на идентичен начин на почетокот на вториот дел кога капитенот Енис Барди беше прецизен од белата точка во 49 минута.

Македонија презеде целосна доминација на теренот во продолжението, но Лирим Ќамили, Бојан Миовски, Бојан Димовски и Чурлинов пропуштија идеални шанси за гол.

Ова беше седми натпревар во низа на кој македонската репрезентација не успеа да забележи победа, а следен противник во рамки на групата Ц4 ќе биде Ерменија во вторник во Скопје.

Share This Article