Македонската економија годинава со раст од 1,4 отсто, а во наредната од 3,6 проценти

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Македонската економија годинава ќе забележи раст од 1,4 отсто, а во наредната од 3,6 проценти, проценува Меѓународниот монетарен фонд во објавениот Преглед за светката економија во 2023 година.

По двоцифрените стапки во 2022, годинава инфлацијата во земјава ќе забави и ќе изнесува 9,2 отсто.

Од земјите во регинот, највисок економски раст годинава ќе забележат Косово 3,5 и Црна Гора 3,2 отсто. БДП на Грција ќе се зголеми за 2,6 проценти, на Албанија за 2,2, на Србија и на Босна и Херцеговина за 2,0, на Хрватска 1,7 и на Бугарија за 1,4 отсто.

На глобално ниво ММФ годинава не очекува рецесија, туку раст од 2,8 отсто во однос на 2022. Фондот не очекува рецесија ниту во САД, прогнозирајќи раст од 1,6 отсто.
Еврозоната ќе забележи раст од 0,8 проценти, но со пад на најголемата европска економија – германската од 0,1 отсто.

Попозитивни се проекциите на ММФ за азиските економии. БДП на Кина годинава ќе се зголеми за 5,2 отсто, Индија ќе забележи раст ио 5,9 отсто, а над пет проценти ќе „одат“ и Виетнам, Индонезија и Филипини.

Рецесија не се предвидува ниту во Јапонија (раст од 1,3 отсто), како ни во Русија, за која ММФ лани прогнозираше пад на економската активност од 2,1 отсто, а сега најавува раст од 0,7 отсто за 2023 година.

Глобалната инфлација ќе се намали, иако побавно од првично предвиденото, од 8,7 отсто минатата година на 7 проценти оваа година и на 4,9 во 2024, се наведува во прогнозата на ММФ.с

Share This Article