Македонската банкарска асоцијација информира дека од попладнево дел од услугите на нејзините членки, поврзани со картичните брендови VISA и MasterCard се недостапни – на банкомат или во трговија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Македонската банкарска асоцијација информира дека од попладнево дел од услугите на нејзините членки, поврзани со картичните брендови VISA и MasterCard се недостапни – на банкомат или во трговија.

Како и досега, средствата на клиентите на банките се достапни во сите експозитури и филијали, велат од таму.

„Членките на Македонската банкарска асоцијација се во интензивна комуникација со картичните брендови VISA и MasterCard, и од досегашните анализи може да се каже дека причината за проблемот не е поврзана со националните телеком оператори, ниту со поединечните системи на банките. По добивање покомплетни сознанија, јавноста навремено ќе биде известена од страна на Македонската банкарска асоцијација“, се наведува во соопштението од Асоцијацијата.

Оттаму се надеваат на брзо нормализирање на сервисите.

Share This Article