Македонката Наташа Соврановски(25), која беше пријавена за исчезната на 2 септември во Германија, е пронајдена мртва, а тамошната полиција истражува дали се работи за убиство. Осомничен за убиството е 45-годишен маж кој се наоѓа во притвор, пренесе Франкфуртер Алгемајне Цајтунг.
Тој се сомничи дека извршил убиство од небрежност. Осомничениот лично ја познавал девојката, но не биле дадени дополнителни информации за врската.
Телото на 25-годишната Наташа е пронајдено во понеделникот во шумска област во Бад Тејнах-Завелштајн, во близина на Штутгарт. Таа последен пат била видена на 2 септември во Бад Тејнах-Завелштајн и оттогаш ѝ се губи секаква трага.
Тамошната полиција ги повика можните сведоци или сите кои имаат информации во врска со исчезнувањето и смртта на Наташа, да се јават во службите.