Македонија заврши на 9 место на Европското младинско првенство

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Машка младинска ракометна репрезентација на Македонија го заврши настапот на Европското првенство за играчи до 20 години во Словенија на 9 место. Во последниот натпревар за пласман, избраниците на селекторот Раде Стојановиќ направија вистински подвиг и успеаја да ја победат ракометна велесила Франција со 30-29.

Јунак на натпреварот беше голманот Иван Галевски, кој одбрани пенал во последната секунда и спречи продолженија.

Најефикасни во нашиот табор беа Дамјан Субашевски и Дамјан Митев со по 6 погодоци, а зад нив беа Димитар Узунчев со 5 гола и Мирче Калајџиески, кој постигна еден погодок помалку.

Младите македонски ракометари на ова Европско првенство имаат само еден пораз во 8 одиграни натпревари. Загубија токму од Франција во претходната фаза од ЕП (У20) со 18-25, одиграа нерешено со Храватска и со Австрија и запишаа 5 победи во преостанатите мечеви.

Share This Article