Македонија во врвот во Европа според штетниот воздух

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Речиси 400.000 смртни случаи во Европа во 2021 година се припишуваат на загадувањето на воздухот, а некои од нив би можеле да се избегнат доколку загадувачите намалат нивоа до препорачани од Светската здравствена организација (СЗО), се вели во извештајот објавен денеска од Европската унија.

Европската агенција за животна средина (ЕЕА) посочи дека во рамките на ЕУ, загадувањето предизвикано од ситни честички (PM2.5), кое особено ги погодува луѓето со срцеви заболувања, е причинител за 253.000 смртни случаи во 2021 година. Загадувањето со азот диоксид (NO2), најштетен за луѓето со дијабетес, резултирало со 52.000 смртни случаи, а краткорочната изложеност на озон (О3) резултираше со 22.000 смртни случаи.

Ако се додадат голем број европски земји надвор од ЕУ – загадениот воздух е одговорен за речиси 389.000 смртни случаи во Европа, се вели во извештајот на ЕЕА за 2021 година објавен денеска.

Во него се наведува дека за една година поради загадувањето на воздухот починале 5.600 македонски граѓани.

Концентрацијата на загадувачи на воздухот во 2021 година остана многу повисока од нивоата препорачани од СЗО во нејзините упатства за квалитетот на воздухот. Намалувањето на загадувањето на воздухот до овие регулаторни вредности ќе спречи голем број смртни случаи во земјите-членки на ЕУ“, се додава во извештајот, се вели во извештајот на ЕЕА.

Најголем број смртни случаи од ситни честички во 2021 година се забележани во Полска, Италија и Германија, додека северноевропските земји како Исланд, скандинавските земји и Естонија имаат најмал број.

Share This Article