Македонија се движи во позитивна насока, корупцијата е најголемиот проблем

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Македонија се движи во позитивна насока, сметаат повеќето граѓани кои на последната телефонска анкета на ИПСОС одговориле позитивно на ова и на прашањето за работата на Владата во првите сто дена од изборот.

Најголеми проблеми според анкетираните се криминалот и корупцијата, како и економијата и животниот стандард. Политичар со најголема доверба кај граѓаните е премиерот Христијан Мицкоски.

Во телефонската анкета спроведена од 9 до 13 октомври на 1.200 испитаници, на прашањето во каква насока се движи земјата 25 отсто одговориле дека оди во позитивна насока, а 24,9 одговориле дека оди во донекаде позитивна насока. За 24,3 отсто земјата оди во негативна, а за 9,3 донекаде негативна насока.

За тоа какво е мислењето на граѓаните за работата на Владата во првите сто дена, 28,4 отсто одговориле дека тоа е позитивно, 27,1 донекаде позитивно, 9,3 отсто донекаде негативно, 21,6 отсто негативно.

На прашањето кој е најголем проблем со кој се соочува Македонија и Владата мора итно да го решава, 37,5 отсто одговориле дека тоа се криминалот и корупцијата, 19,7 отсто економијата и животниот стандард, а потоа се невработеноста, високите цени, квалитетот во образованието, здравството…

Граѓаните имаат најголема доверба во премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, која изнесува 27, 8 отсто.

Со најголем рејтинг по премиерот Мицкоски меѓу македонските политичари се Венко Филипче, претседател на СДСМ со 5, 5 отсто, Максим Димитриевски со 4,3 отсто и Димитар Апасиев од Левица со 4 отсто. Кај лидерите од албанските партии на чело е Али Ахмети од ДУИ со рејтинг од 8,6 отсто, Арбен Таравари од Алијанса за Албанците со 2,7 отсто и Изет Меџити од Демократско движење со 1,9 отсто.

26,5 отсто одговориле дека немаат доверба во ниту еден политичар.

И ВМРО-ДПМНЕ направиле октомвриска анкета, на терен, со 1.005 испитаници.

- Advertisement -
Ad image

Според оваа анкета највисок рејтинг има ВМРО-ДПМНЕ, односно, доколку се одржат избори 26 отсто од граѓаните ќе гласаат за оваа партија.

За ДУИ, Вреди и СДСМ би гласале по 7 отсто од испитаниците, за Левица 5, а за ЗНАМ 2 отсто. Дека нема да гласаат одговориле 23 отсто.

Повеќе од половината од испитаниците одговориле дека не го поддржуваат францускиот договор, додека 28 отсто го поддржуваат.

- Advertisement -
Ad image

На прашањето дали мислите дека треба да се изврши промена на Уставот и да се почнат преговорите со ЕУ доколку промената има одложено дејство, 52 отсто одговориле со да, а 42 отсто се против промена на Уставот и со ваков услов.

Share This Article