More

    Македонија против Фарски Острови со цел за максимален успех

    spot_img

    Македонската фудбалска репрезентација денес ги завршува настапите во групата од Ц-сегментот на Лигата на нации.

    На Националната арена „Тодор Проески“ попладне од 15 часот гостува селекцијата на Фарски Острови.

    Напаѓачот Александар Трајковски верува дека може да се продолжи победничката серија која трае четири натпревари.

    – Постои мал замор бидејќи играме во три дена два натпревари, но не е прв пат да имаме ваков ритам. Секогаш сакаме да го дадеме најдоброто од себе и наша цел е со победа да го завршиме ова издание во Лига на нации. Треба да бидеме фокусирани и доколку го дадеме максимумот сметам дека може да ја оствариме целта и три бода – изјави Трајковски.

    Во пресрет на натпреварите од 6. коло, Македонија е лидер во групата со 13 бодови, Фарски Острови имаат 6, Ерменија и Летонија по 3.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img