Македонија падна за неколку позиции на ФИФА ранкингот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Јунскиот циклус во Лигата на нации го завршивме со две победи, едно реми и со еден пораз, а тоа направи репрезентацијата на Македонија да забележи мал пад на ФИФА листата.

Македонските фудбалери двапати беа подобри од фудбалерите на Гибралтар, еднаш одиграа нерешено против Бугарите, а еднаш и загубија од Грузијците, па токму тешкиот пораз во Скопје највернојатно нѐ чини и пад на светското рангирање.

„Рисовите“ назадуваа две позиции и паднаа од 62-то на 64-то место, а според калкулациите на ФИФА, загубени со речиси шест ранкинг поени.

Share This Article