More

    Македонија останува 67 репрезентација во светот

    spot_img

    Денешното рангирање на ФИФА не донесе никакви промени за македонската фудбалска репрезентација, која остана на 67-то место.

    Нашиот национален тим од почетокот на годинава немаше никакви активности, репрезентативен фудбал се играше во Јужна Америка во КОНКАКАФ зоната, каде финишираат квалификациите за пласман на СП во Катар, како и во Африка, каде се играше Африканскиот куп на нации.

    Единствена разлика во однос на претходната листа е скокот на Аргентина на четвртото место, на сметка на Англија. Белгија остана на водечкото место, пред Бразил и Франција.

    Италија, Шпанија, Португалија, Данска и Холандија се останатите репрезентација меѓу најдобрите десет.

    Избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе бидат активни во март кога ги очекува полуфиналниот бараж натпревар за пласман на Мундијалот во Катар против Италија. Натпреварот треба да се игра на 24 март во Палермо.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img