More

    Македонија официјално не побарала помош од НАТО за бомбите!?

    spot_img

    Македонија досега не упатила формално барање до НАТО за асистенција при откривањето на испраќачите на стотиците лажни дојави за подметнати бомби кои пристигнуваат со недели во македонски училишта и институции, тврди Слободен печат повикувајќи се на свои извори во Алијансата.

    Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во неколку наврати тврдеше дека „партнерските служби од НАТО, Интерпол и од Европол, исто така се вклучени во истрагата и во обезбедувањето информации за заканите со бомби што досега се покажа дека биле лажни“.

    Од Министерството за одбрана за „Слободен печат“ изјавиле дека истрагата за лажните дојави за бомби е во надлежност на Министерството за внатрешни работи, но дека „од комуникацијата со МВР“ можат да потврдат дека „се користат механизмите на меѓународна помош, меѓународни безбедносни и полициски организации“, избегнувајќи притоа директен одговор на прашањето дали е упатено официјално барање за помош до НАТО.

    Експерти сметаат дека откривањето на изворот на ваквите хибридни напади е многу тешко, и дека земјава има право и треба да побара помош од надвор, зашто станува збор за глобален проблем што треба глобално да се решава.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img