Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, објави дека Македонија е подготвена да ѝ помогне на Словенија да се избори со катастрофата и големите поплави што ја зафатија земјата по невремето.
– Со големо жалење ја следиме состојбата во Словенија, која ја погоди големо невреме и поплави. Не можеме да го гледаме ова, а да не понудиме помош. Подготвени сме да подадеме рака и да помогнеме во справувањето со последиците од ова невреме и да покажеме дека вистински пријатели се познаваат во тешки моменти. Заедно сме посилни – рече Петровска.
Голем број луѓе во Словенија беа евакуирани, а според досегашните информации едно лице загинало.