Директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски, во синоќешната емисија „Клик плус“ на ТВ21 посочи дека во Македонија недостасува јасна стратегија за развој на здравствениот систем, нагласувајќи дека зависноста од поединечни апарати и институции е сериозен ризик за пациентите.
– На пример, зависни сме од еден ПЕТ-скен апарат и од еден добавувач на суровини. Доколку дојде време за сервисирање, немаме никаква алтернатива. Мора да размислуваме однапред и да создадеме план Б за вакви ситуации – истакна Клековски.
Како уште еден сериозен пропуст во здравството, тој го наведе случајот со компјутерската томографија во Струмица, посочувајќи дека вакви проблеми се резултат на недоволно планирање и организација.
Клековски потенцираше дека моменталниот систем не е одржлив, бидејќи целата држава се потпира на еден онколошки центар.
– Не може два милиони луѓе да зависат само од еден онколошки центар. Во Бугарија, на пример, има 35 болници каде што се спроведува таргет-терапија. Ние мораме да го децентрализираме системот и тоа треба да биде дел од долгорочната стратегија – нагласи директорот на ФЗО.
Тој додаде дека Клиничкиот центар во Скопје троши половина од целото јавно здравство, додека пациентите од градови како Дебар, Пробиштип и Струмица мора да патуваат во главниот град за да примат терапија.
– Ова мора да се промени. Пациентите треба да имаат пристап до лекување и во другите региони, а не да бидат принудени да патуваат стотици километри – заклучи Клековски.
Дополнително, директорот на ФЗО информираше дека се разгледува можноста за повторно активирање на Центарот за трансплантација, кој беше затворен за време на пандемијата со ковид-19.
Tagged as:
Клековски бара итни промени Македонија има само еден ПЕТ-скен
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
Copyright 2025 OhridSky
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
