Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека Македонија е еден чекор поблиску до заедничкиот регионален пазар на Западниот Балкан. Во рамки на Берлинскиот процес, тој заедно со колегите од регионот го потпиша Акциониот план за 2025-2028 година.
„Овој план отвара нови перспективи за македонската економија“, истакна премиерот.
Мицкоски посочи дека со отворање на регионалниот пазар, нашите компании ќе имаат пристап до поголеми пазари, ќе можат да зголемат своите капацитети и да создадат нови работни места.
– Ова е важен чекор во идниот просперитет на нашата земја. Македонија се позиционира како активен партнер во процесите на регионална соработка и европска интеграција – рече премиерот Мицкоски.