Новиот хит на американската пејачка Мајли Сајрус го залуде светот, а нејзините обожаватели го опсервираа спотот до најситен детаљ и открија како таа го снимила видеото во куќата во која нејзиниот поранешен сопруг Лиам Хемсворт ја изневерил со, како што тврдат, 14 љубовници.
Песната му ја посвети на поранешниот сопруг, дури ја објави на неговиот роденден, 13 јануари, а ја надополни со бројни пикантни детали од нивната врска. Меѓутоа, на социјалните мрежи се појави приказна дека Мајли го снимила видеото во куќата каде Лиам ја изневерил со повеќе од 14 жени.
Станува збор за гласина која никаде не е потврдена, но стана вирална на Твитер кога ја објави високо следениот профил Поп Тингз (Pop Tingz). Нивната објава досега ја прегледале повеќе од 4,6 милиони луѓе, а собрала десетици илјади лајкови и коментари.
Објавата ја коментирала и актерката Џулија Фокс од својот официјален профил на Твитер, а само накратко со чудење напишала: „14?!“
Џулија Фокс реагира на нашиот твит дека видеото на Мајли Сајрус „Flowers“ е снимено во куќа во која нејзиниот поранешен Лиам Хемсворт ја изневерувал:
Мајли Сајрус не ги коментираше ваквите гласини, а не коментираше ниту нејзиниот поранешен сопруг Хемсворт. Песната „Flowers“ досега собра повеќе од 48 милиони прегледи на Јутјуб и ги освои светските топ листи.