More

    Мајката на загинатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, Људмила, во видеообраќање побара од рускиот претседател Владимир Путин бара да ѝ го предаде телото на нејзиниот син за да може да го погреба

    spot_img

    Мајката на загинатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, Људмила, во видеообраќање побара од рускиот претседател Владимир Путин бара да ѝ го предаде телото на нејзиниот син за да може да го погреба, пишува Ројтерс.

    – Веќе петти ден не можам да го видам, не ми го даваат неговото тело и не ми кажуваат ни каде е – рече Људмила Навалнаја во пораката што беше емитувана на каналот„Навални во живо“ на Јутјуб.

    – Апелирам до тебе, Владимир Путин. Решавањето на ова прашање зависи само од тебе. Дозволете ми конечно да го видам мојот син. Барам телото на Алексеј веднаш да биде ослободено за да можам човечки да го погребам – додава таа.

    Со истото барање таа испрати и официјално писмо до Путин.

    Властите на Људмила претходно и рекоа дека им требаат најмалку 14 дена за да извршат различни хемиски тестови на неговото тело и затоа сè уште не можат да го предадат неговиот труп.

    Путин уште не даде јавен коментар за смртта на Навални, но тоа дополнително го продлабочи расколот во односите меѓу Москва и Западот.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img