More

    Мајката на напаѓачот Коста Кецмановиќ кој го изврши масакрот во Врачар сакала својата ќерка да ја носи во Охрид, а не во Грција

    spot_img

    Мајката на напаѓачот Коста Кецмановиќ кој го изврши масакрот во Врачар сакала својата ќерка да ја носи во Охрид, а не во Грција, тврдат неколку српски медиуми цитирајќи сопствени анонимни извори.

    Информацијата засега не е потврдена од српските или од македонските власти.

    Познато е дека мајката беше вратена на српско-македонската граница кај преминот Прохор Пчински. Бегството на мајката ги разбесни семејствата на убиените и на ранетите деца. Се вели дека семејството на Коста К. пробало да ги заштити своите имоти на различни начини.

    Истрагата против мајката е во тек. Станува збор за преткривична постапка со цел да се утврди дали во нејзиното постапување имало елементи на запуштање и злоупотреба на детето, додека неговиот татко е во притвор за недозволено поседување оружје и експлозивни материи.

    Меѓу најновите информации кои излегоа во врска со ова е и фактот дека Коста К. имал 204 изостаноци за една година на училиште. Во првото полугодие од учебната 2022/23 тој имал и 20 дена оправдани со лекарска потврда, а осум работни дена по родителска оправданост.

    Српските закони дозволуваат да се оправдаат до три дена изостанување од наставата.

    Каков план имале таткото и мајката за излегување од Србија и за заштита на нивниот имот? Дали навистина сакале да допатуваат во Охрид?

    Мајката на момчето го известила Центарот за социјална работа за патувањето, но полицијата не била информирана за патувањето.

    „Тие најпрво смислиле план таткото на момчето во притвор да биде посетен кај нотар, со цел тој да потпише полномошно за неговата сопруга да располага со имотот што му се предава, но и да даде овластување да го изнесе тринаесетгодишното момче надвор од државата, но тоа брзо било спречено, а момчето сигурно нема да може да ја напушти државата“, открива неименуван соговорник за српски Курир.

    Имено, нивниот план бил најверојатно мајката со нејзина согласност да се обиде да го извлече момчето од установата во која е сместено. Но, таа согласност може да ја повлече во секое време, но тоа не би значело негова слобода бидејќи би морал да помине комисија од експерти врз основа на чија проценка судот ја донесува одлуката. Апсолутно нема шанси момчето да биде на слобода.

    Во последен момент таткото бил спречен да ѝ даде согласност на мајката, а сега мајката ниту може да го изнесе момчето од Србија, ниту да го продаде имотот кој во меѓувреме е блокиран од судот. Таткото на момчето е кривично обвинет и му е изречена привремена мерка за обезбедување на имотно побарување, па му е забрането да располага со недвижен имот, а истото важи и за мајката.

    „Иако мајката на момчето не одговара кривично за делото што го извршил нејзиниот син, родителите на убиените деца против неа покренаа правна постапка во која меѓу другото наведуваат дека таа е одговорна и за делото што го сторил нејзиниот син. Со тоа тие одлучија да се забрани продажбата на неколкуте станови и гаражи кои се наоѓаат на територијата на Белград “.

    Родителите на момчето се под лупа на јавноста поради начинот на кој се однесувале кон дете на негова возраст пред масакрот, носејќи го на стрелиште и занемарувајќи го, како што велат, неговото здравје.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img