Мајка била алергична на сопственото бебе

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Британка раскажа како во текот на бременоста се борела со ретка болест поради којашто била „алергична“ на своето, сопствено бебе. Сепак, и бебето и мајката сега се чувствуваат многу подобро.

Сè почнало кога Фиона Хукер забележала осип на својот стомак лани во април, кога била во седмиот месец од бременоста. Лекарот ѝ препишал крема, но осипот набрзо се претворил во плускавци. Лекарите потоа ѝ ја дијагностицирале ретката автоимуна болест – пемфигоид гестационис (ПГ). Според наводите, тоа се случува кај една од 50.000 жени, а реакцијата е предизвикана од генот на нејзиниот син поради што имунолошкиот систем „ја напаѓа“ нејзината кожа.

Дерматолозите потоа ѝ препишале доза орални стероиди, кои требало да ги зема следните шест месеци.

– Сè уште понекогаш чувствувам чешање, па користам крема на база на стероиди. Моето тело сè уште е во процес на опоравување – изјави Хукер за „Индепендент“.

– Истражувањата покажаа дека осипот ќе се врати во идните бремености и ќе биде многу поболен. Мислам дека не би можела повторно да минам низ сè ова – признава таа.

Иако осипот е речиси повлечен, тој сега може да се појави и од одредени хормони и, во помала мера повторно избувнува, на пр., при менструација.

Share This Article