Поранешниот потпретседател на САД, 63-годишниот Мајк Пенс, официјално ги поднесе документите за да им се приклучи на останатите републиканци во трката за претседателските избори во 2024 година.
Со ова Пенс директно му се спротивставува на Доналд Трамп во чиј четиригодишен мандат тој ја извршуваше потпретседателската функција.
Засега, Трамп убедливо води во анкетите, додека повеќето испитувања на јавното мислење го сместуваат Пенс на третото место со едноцифрен процент на поддршка, пишува Би-би-си.
Пенс му беше лојален на Трамп во поголемиот дел од нивните четири години поминати на функции, но се дистанцира од својот шеф по немирите и упадот во Конгресот во јануари 2021 година.