Познатата пејачка и кралица на попот, Мадона (65) беше уловена од папараците во Манчестер како го крие лицето зад широка качулка.
Речиси никој не можеше да ја препознае Мадона. Таа носеше црна маица со качулка која ја навлече преку половина од лицето, широки посветли панталони и црна широка јакна.
Никогаш досега не сме ја виделе Мадона во вакво издание, што дополнително го подгреа изненадувањето и загриженоста на нејзините следбеници.
„Исус, што се случи со неа?“, прашале обожавателите, а некои забележале дека нејзините усни изгледаат болно.
„Мадона си го уништи лицето, а порано беше толку убава. Не разбирам“, напишаа корисниците на социјалната мрежа.
И покрај шпекулациите, Мадона дури неодамна призна дека направила пластична операција, но не откри за какви зафати станува збор и колку често одела под нож.
„Кога ќе наполните 60-ти, често има маснотии на долните капаци и малку вишок кожа на горните капаци. Сепак, ништо од тоа не гледате на овие фотографии“, вели д-р Вајнтрауб.
Долните очни капаци и се целосно мазни, што значи дека кожата најверојатно е отстранета. Масните влошки исто така беа отстранети. Значи, она што го гледате е мазност и затегнатост насекаде, а тоа е од хируршки волуменски лифт,
Тој исто така додал дека пејачката веројатно имала и ботокс на челото и околу очите, пренесува Daily Mail.