More

    Мадона се јави откако беше хоспитализирана

    spot_img

    Фотографии од Мадона по нејзиното хоспитализирање и наводно оживување со инекција против зависност од наркотици осамнаа на интернет. Луѓето се прашуваат дали старицата од сликата со збрчкана кожа и без силикони навистина е Мадона.

    Додека луѓето шпекулираат Мадона се јави на социјалните мрежи.

    „Ви благодариме за позитивната енергија, поддршката и молитвите. Ја почувствував вашата љубов. Јас сум на пат кон закрепнување и благодарна сум за сите благослови во мојот живот“, ја започна долгата објава пејачката.

    Таа откри и што ѝ паднало на ум откако се разбудила во болница.

     

    „Кога се разбудив во болница, првата мисла ми беа децата. Второто беше дека не сакав да ве разочарам сите што купивте билети за турнејата. Исто така, не сакам да ги разочарам сите кои неуморно работеа со мене во изминатите неколку месеци“, напиша Мадона и додаде дека сега ќе се фокусира на своето здравје и сила.

    „Наскоро ќе се вратам, ве уверувам“, додаде 64-годишната музичарка и напиша дека планира да ги одложи датумите на турнејата во Северна Америка и Европа.

    „Не можам да бидам поблагодарна за вашата грижа и поддршка“, заклучи Мадона.

    Пејачката и официјално ја откажа турнејата низ Северна Америка.

    Неколку луѓе блиски до Мадона за медиумите потврдија дека состојбата на Мадона била прилично лоша, а членовите на нејзиното семејство рекоа и дека за време на викендот, кога била примена во болница, се подготвувале за сè. Менаџерот на Мадона изјави дека на музичарката и е многу лошо, но дека се очекува целосно да закрепне.

    Според една верзија на приказната, таа имала бактериска инфекција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img