More

    Џенифер Анистон ги изненади своите следбеници со изгледот

    spot_img

    Холивудската актерка Џенифер Анистон ја истакна својата витка линија во тесен фустан. Иако доби многу комплименти, некои коментираа дека нејзиното лице изгледа сосема поинаку…

    Џенифер Анистон (55) пред неколку дена пристигна во Лос Анџелес за да ја прослави својата серија „Утринско шоу“ (The Morning Show) која доживеа голема популарност. Во тесен цветен фустан со висок шлиц на ногата ја истакна витката фигура, со скратена коса во боб фризура, многумина забележаа дека нејзиното лице изгледа нешто поинаку. И додека сите и даваа комплименти за фигурата и новата фризура, сепак, истакнаа дека нешто се случува со нејзиното лице.

    Анистон отсекогаш негувала младешки изглед, а често истакнувала дека редовно тренира и води сметка за своето лице.

     

    – Претерала со ботоксот и филерите – гласел еден коментар на социјалните мрежи.

    Иако актерката доби многу комплименти, некои сепак коментираа дека нејзиното лице изгледа сосема поинаку од вообичаено.

    Инаку, Џенифер откри дека вежба шест пати неделно и комбинира пилатес и јога, а ако не стигне во теретана, вози домашен статичен велосипед. Своевремено рекла дека воопшто не јаде пржена храна, а повремено и пости, односно се придржува на типот на исхрана со постење, наречено фастинг.

     

    Анистон уште во 2015 година изјавила дека не е љубител на инјекции со ботокс.

    – Луѓето мислат дека добивам многу ботокс инјекции, но јас не го правам тоа. Не велам дека не сум пробала, но гледам дека тоа е лизгава патека. Сите тие козметички работи изгледаат смешно на мене – изјавила тогаш холивудската актерка.

    Меѓутоа, сега и забележуваат дека претерала со филерите и ботоксот на лицето и дека нема потреба од тоа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img