Тешко е да се најдат зборови со кои би можеле да се опишат новите објави на инстаграм-профилот на кралицата на попот, Мадона (64). Следбениците на пејачката наголемо се навикнаа на шокантните фотографии и видеозаписи, а таа овојпат се надмина самата себе.
Мадона објави видео во кое носи црна маска од тантела додека пркосно држи црно стапче во устата и, изгледа, се снима себеси.
„Некој да ѝ ја смени терапијата на Мадона. Ги плаши децата и ги губи обожавателите побрзо отколку што потона Титаник“, напишал еден корисник на Инстаграм.
„Претпоставувам дека некои луѓе уживаат да ја гледаат оваа бизарно облечена баба“, додаде друга.
„Што се случи со Мадона? Полуде. Таа беше мојот омилен уметник додека растев. Го изгуби умот“, пишува во друг коментар.
Од друга страна, некои излегоа во нејзина одбрана, посочувајќи дека пејачката е провокативна од почетокот на кариерата.
„Сите имаат што да кажат за нејзиниот изглед. Нејзините постапки ви прават непријатност, а уметноста токму тоа треба да го прави – да провоцира. Запрашајте се зошто се грижите толку многу. Запрашајте се зошто тоа ви пречи. Дали мислите дека таа се грижи што мислите вие? Знаете ли што мисли таа за вас? Ништо“, заклучила еден обожувателка.