Мадона не престанува да шокира со своето однесување, а социјалните мрежи ги користи за да привлече внимание со своите испади. Најновиот испад се однесува на видеото на ТикТок во кое таа танцува во долна облека, но на таков начин што сите мислат дека ѝ треба стручна помош.
Во споменатото видео Мадона сакала да ги покаже своите адути, но се чини дека тоа воопшто не им се допаднало на луѓето бидејќи се нижат коментарите во кои ја молат да престане да се занимава со вакви работи бидејќи по нејзината успешна кариера тие се сосема непотребни.
„Види ја како танцува во оваа ужасно невкусна долна облека, нека некој ѝ каже да престане“, „Мадона, постигна доволно за да не треба постојано да ни ги покажуваш задникот и градите“, „Што е ова, ќе повратам“, се само дел од коментарите под видеото.
Од друга страна, нејзините најверни обожаватели тврдат дека таа може да се однесува како што сака бидејќи „тоа е сепак Мадона“.
„На нашата кралица навистина не ѝ е грижа што мислат другите“, е еден од коментарите.