More

    Спасовски тврди дека МВР работи со полна пареа

    spot_img

    Ова се класични хибридни напади не само кај нас, туку во целиот регион, и ние знаеме од каде доаѓаат мејловите со заканите за бомби, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за Слободен печат ТВ.

    Тој објасни дека во тек е обемна истрага во врска со дојавите за поставени бомби во скопските училишта која се одвива во неколку правци и во која се вклучени АНБ, одделението за антитероризам како и странските партнери.

    – Знаеме од каде доаѓаат мејловите. Министерството функционира во полн капацитет и ќе го надминеме овој проблем – дециден е министерот откако утрово првин во средните училишта „Јосип Броз Тито“ и СУГС „Владо Тасевски“, а потоа и во гимназијата „Никола Карев“ и во „Панче Арсовски“ пристигнаа нови дојави за поставени бомби.

    Тоа што само го навести министерот Спасовски е дека еден од изворите на овие хибридни напади е Швајцарија, но тамошните институции, како што рече, се затворени и не може да се добијат поконкретни информации.

    – Токму од Швајцарија доаѓаа и серијата закани кои пролетва и минатиот месец пристигнаа на разни адреси на институции, аеродроми и трговски центри во Белград и во Загреб – изјави Спасовски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img