Кралицата на поп музиката Мадона (65) викендов ја започна својата турнеја „Селебрејшн“ (Celebration) со концет во саботата во главниот град на Велика Британија, Лондон.
Обожавателите ќе имаат можност да ги слушнат најголемите хитови на кралицата на попот.
Светската музичка ѕвезда се врати на сцената по сериозните здравствени приблеми предизвикани од инфекција и повторно го одушеви обожавателите.
Мегапопуларната Мадона мораше да помести дел од термините на концертите кои веќе беа закажани, поради сериозните здравствени проблеми што ги имаше.
Неодамна беше хоспитализирана, кога поради бактериска инфекција заврши на интензивна нега.
– Навистина сум изненаден што стасав до тука. И мислам на тоа на толку многу нивоа – им порача пејачката на одушевените обожаватели, кои до последно место ја исполнија лондонската О2 арена.
Пред само четири месеци Мадона беше на интензивна нега, интубирана поради бактериска инфекција. Пејачката откри дека лекарите тогаш и рекле на нејзиното семејство да се подготви за најлошото.
„Не мислев дека ќе успеам, а ниту моите лекари. Се разбудив, а децата беа до мене. Заборавив пет дена од мојот живот, односно мојата смрт, навистина не знам каде бев, но ангелите ме заштитија, а моите деца беа таму и моите деца секогаш ме спасуваат, секој пат“, рече пејачката.
ФОТО: Инстаграм