Рускиот претседател Владимир Путин може да присуствува на самитот на Г-20 следната година во Рио де Жанеиро без страв од апсење, изјави денеска бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва, јавува Гардијан.
– Она што можам да ви го кажам е дека ако јас сум претседател на Бразил и ако тој дојде во Бразил, нема да има причина да биде уапсен – рече тој додавајќи дека на самитот во Рио ќе има „атмосфера на мир“.
Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за апсење на Путин за наводни воени злосторства во март 2023 година, нешто повеќе од една година по руската инвазија на Украина. Како потписник на Римскиот статут, Бразил е должен да соработува со истрагите и активностите на МКС.