Алтернативните горива се добиваат како конечен производ од внимателно одбран отпад, собран од домаќинства и компании, процесиран во посебни инсталации. Имаат висока калорична вредност и се користат како извор на енергија само ако ги исполнат строго дефинираните спецификации.
Во модерниот свет, отпадот се смета за многу важен ресурс и денешната индустрија за цемент е есенцијален дел од синџирот за негово отстранување и употреба. Во мај 2012 година, фабриката Лукавац цемент ги доби сите потребни дозволи и стана пионер во користењето алтернативно гориво од отпад. Ако не знаете што е алтернативно гориво, како и зошто се користи во фабриката Лукавац цемент, дознајте го тоа од оваа поучна приказна: