Лукашенко вели дека западна Украина ќе ѝ биде отстапена на Полска

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се подготвува да го предаде западниот дел од земјата на Полска, но Украинците тоа нема да го дозволат, изјави денеска белорускиот претседател Александар Лукашенко.

– Украинците тоа нема да го дозволат. Но Зеленски се движи кон тоа. Донесена е одлука со која полските полицајци добија речиси ист статус како и украинските – рече Лукашенко во разговор со украинската новинарка Дијана Панченко, пренесува ТАСС.

Тој додаде дека го слушнал тоа и дека Украина се подготвува за тоа.

– Понатаму, во Полска веќе се формирани воени единици за помош на Украина. Ако влезат, нема да можете да ги вратите бидејќи Американците стојат зад Полска – рече Лукашенко.

Тој додаде дека доколку ѝ бидат предадени на Полска, западните делови на Украина ќе станат дел од НАТО.

– Тоа ќе биде полска територија. А да се биде дел од Полска значи да се биде дел од НАТО. Сè оди кон тоа. Тоа е неприфатливо за нас, но и за Русите – рече белорускиот претседател.

Share This Article