Украинскиот претседател Володимир Зеленски се подготвува да го предаде западниот дел од земјата на Полска, но Украинците тоа нема да го дозволат, изјави денеска белорускиот претседател Александар Лукашенко.
– Украинците тоа нема да го дозволат. Но Зеленски се движи кон тоа. Донесена е одлука со која полските полицајци добија речиси ист статус како и украинските – рече Лукашенко во разговор со украинската новинарка Дијана Панченко, пренесува ТАСС.
Тој додаде дека го слушнал тоа и дека Украина се подготвува за тоа.
– Понатаму, во Полска веќе се формирани воени единици за помош на Украина. Ако влезат, нема да можете да ги вратите бидејќи Американците стојат зад Полска – рече Лукашенко.
Тој додаде дека доколку ѝ бидат предадени на Полска, западните делови на Украина ќе станат дел од НАТО.
– Тоа ќе биде полска територија. А да се биде дел од Полска значи да се биде дел од НАТО. Сè оди кон тоа. Тоа е неприфатливо за нас, но и за Русите – рече белорускиот претседател.