Фудбалскиот клуб Рома во летниот преоден рок ќе се обиде да го доведе Ромелу Лукаку.
Рома на лето би можела да го продаде Тами Абрахам за сума меѓу 40 и 45 милиони евра, што би отворило простор за доаѓање на белгискиот фудбалер.
Англичанецот сезонава на 38 натпревари постигна само седум гола, поради што управата на Вучица сака да се ослободи од него и да заработи.
На негово место би можел да дојде Ромелу Лукаку кого Интер дефинитивно нема да го купи, а на него не смета ниту Челзи.
Рома секако најпрво би се обидела да го доведе на позајмица, а доколку не успее, дури тогаш би размислувала да го купи.
Во случај да дојде во Рома, Лукаку би соработувал со Мурињо, кој му беше тренер и во Манчестер Јунајтед.