Луѓе со часови чекаа да влезат на Октоберфест во Минхен

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Жителите и посетители на Минхен нетрпеливи да присуствуваат на првиот Октоберфест од 2019 година формираа долги редици рано утринава, неколку часа пред да се отвори познатиот фестивал на пивото во главниот град на Баварија.

Веќе во пет часот, мажи и жени облечени во традиционални баварски носии се собраа пред шаторите, иако првото буре со пиво ќе се отвори доцна попладне. Малкумина носеа заштитни маски, а некои од посетителите се чинеше дека веќе ги испиле првите пијачки, забележува ДПА.

Како што е наведено, колку порано некој пристигне на фестивалот, толку поголеми се шансите да се смести во некој од најпопуларните шатори. Сепак, некои од нетрпеливите први посетители мораа да го издржат неубавото време. Некои мажи цела ноќ чекаа да се отвори фестивалот и покрај тоа што температурите паднаа до 10 степени и имаше повремени врнежи од дожд.

Share This Article