Лоти се предозирала и завршила во болница со згрчено лице

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Лоти Мос, помалата сестра на супермоделот од 1990-те, Кејт Мос, ги предупреди своите обожаватели да не го користат познатиот лек Оземпик бидејќи откри дека итно била пренесена во болница откако земала голема доза од лекот, пишува Индепендент.

26-годишната манекенка изјави дека доживеала напад во собата за итни случаи откако 2 недели земала висока доза од лекот за слабеење, поради што се чувствувала „многу лошо“. Открила дека не можела да ги задржи водата и храната што ги пиела без да ѝ се слоши. Откако отишла во болница, таа сакала да ги предупреди луѓето за „опасноста“ од овој лек кој се користи за лекување на дијабетес.

Во нејзиниот поткаст „Сонувај со Лоти Мос“, таа опиша дека имала напад зашто била многу дехидрирана, а лицето и рацете ѝ биле згрчени, што било една од „најстрашните работи низ кои некогаш поминала“. Медицинските работници ѝ рекле дека дозата што и ја вбризгувала во ногата би била препишана за некој што тежел најмалку 100 килограми. Инаку, таа има околу 50 килограми.

– Пред неколку месеци не се чувствував среќна поради мојата тежина, а еден пријател ми набави лекови. Беше од доктор, но не беше како да одиш во болница, во ординација, и тој да ти ги препише, да ти го мери притисокот и да ти прави тестови кои ти требаат кога конзумираш нешто како Оземпик. Сепак, тоа е дрога, таа е опасна и навистина е наменета да ги натера луѓето да изгубат тежина во многу големи размери. Количината што ја земав беше наменета за луѓе со тежина од 100 килограми, а јас сум во опсегот од 50 килограми, би сакала да го знаев тоа пред да го сторам тоа што го сторив. Инјектирав сѐ во ногата и тоа беше најлошата одлука што сум ја донела – призна манекенката.

Како што вели, ова е предупредување за сите.

– Ве молам, ако мислите да го земете, немојте! Не вреди – истакна таа.

Мос тежела околу 60 килограми кога првпат го зела Оземпик и паднала на 57 по првата доза. Набргу тежината ѝ паднала на 53 килограми, но почнала да трпи и несакани ефекти како повраќање, губење на бојата на лицето и драматично слабеење.

– Повеќе би сакала да умрам одошто да го земам ова повторно. Се чувствував толку лошо. Го пиев две недели. Доаѓа со пенкало и во различни дози, земате една инекција една недела, една инекција следната недела и така натаму, а јас никогаш не сум се чувствувала поболна. Беше ужасно кога првпат го зедов, а потоа останав во кревет 2 дена и ми се слоши додека тежината ми паѓаше – изјави манекенката.

Додека била во итната медицинска помош, добила напад поради тешка дехидрација. Нејзината блиска пријателка морала да ја држи додека лежела на подот на болничката соба за време на нападот. Медицинската сестра била запрепастена кога ја открила дозата на Оземпик што ја земала.

- Advertisement -
Ad image

– Мојот пријател Рис мораше да ме држи и целата ситуација беше толку страшна, не знаев што се случува, лицето ми беше згрчено, целото тело ми беше напнато. Беше толку чудно, рацете ти се стиснати и не можеш да ги поместиш и се чувствуваш како да ќе си ја скршиш раката. Беше страшно – се присети Мос.

Share This Article