Најмалку три лица загинаа, а 20 се ранети синоќа во руските напади во областа Днепропетровск на југот на Украина, соопштија локалните власти.
„Гори петкатна зграда во Днепар. Може да има луѓе под урнатините“, напиша регионалниот гувернер Сергиј Лисак на својата Телеграма.
Во Русија, гувернерот на Белгородската област Вјачеслав Гладков изјави дека 25 проектили биле соборени во близина на украинската граница.
Нема информации за повредени, напиша Гладков на Телеграм, додавајќи дека се оштетени неколку згради.