More

    Литванија развива план за евакуација на населението

    spot_img

    Литванската министерка за внатрешни работи Агне Билотајте денеска разговараше со претставници на министерствата за национална одбрана и комуникации, Националниот центар за управување со кризи и други засегнати институции за масовна евакуација на населението во случај на воено сценарио.

    Според неа, договорени се одговорностите и задачите на институциите во подготовка за евакуација на жителите, а во моментов се чекаат конкретни податоци за капацитетите и потребите од општините, јави литванската телевизија ЛРТ.

    Министерството за внатрешни работи на земјата на почетокот на јули испрати писмено барање до локалните самоуправи во врска со евакуацијата и побара од нив да ја проценат можноста и неопходноста од нејзино спроведување во рок од месец и половина.

    фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img