Лиценци за работа во изминатите речиси 2 години добиле вкупно 685 централи од обновливи извори кои имаат инсталирана моќност од 503 МW

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Лиценци за работа во изминатите речиси 2 години добиле вкупно 685 централи од обновливи извори кои имаат инсталирана моќност од 503 МW, информира првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски.

Овој капацитет, вели тој, е доволен да се обезбедат потребите за електрична енергија на домаќинствата од 18 градови од државата.

– Новите централи од обновливи извори што се изградени за 21 месец може да снабдуваат над 160 илјади домаќинства со просечна потрошувачка од 18 градови и тоа Охрид, Тетово, Кратово, Крушево, Крива Паланка, Св. Николе, Ресен, Дојран, Дебар, Виница, Струга, Неготино, Гевгелија, Велес, Гостивар, Кавадарци, Делчево и Македонска Каменица – рече Бислимоски.

Тој смета дека фотоволтаични централи за кои во изминатите 9 месеци од годинавасе издадени најголем број од лиценците (419) се новиот ’рбет на македонска енергетска независност, која досега се потпираше на јагленот.

– Овие бројки и нови мегавати се потврда дека енергетската транзиција е реалност. Дополнително, во широката слика за да се балансира системот значајно ќе придонесе и изградбата на долгоочекуваниот капацитет ХЕЦ Чебрен – што ќе претставува своевидна батерија – вели Бислимоски.

Лани РКЕ издаде лиценци на 267 централи со инсталирана моќност од 152,2 MW, додека од почетокот на годината 2023 до крајот на септември 419 ФЕЦ се имаат стекнато со лиценци со моќност од 350 MW.

Share This Article