Линдзи Лохан стана роди син

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Холивудската актерка Линдзи Лохан стана роди син кого таа и нејзиниот сопруг Бадер Шамас го нарекле Луаи. Тоа е арапско име што значи заштитник.

37-годишната Линдзи се породи во Дубаи, каде живее со сопругот.

За потсетување, актерката веста за бременоста ја објави кон средината на март. Потоа рече дека таа и нејзиниот сопруг биле многу возбудени.

Линдзи и финансиерот Бадер се венчаа минатата година, а актерката во таа прилика изјави дека никогаш не била посреќна.

“Јас сум најсреќната жена на светот. Ме пронајде и знаеше дека сакам да најдам среќа и милост, сето тоа во исто време. Пресреќна сум што си мој сопруг”, напиша тогаш актерата на Инстаграм.

Некогаш најпроблематичната холивудска актерка се прослави со детските улоги во филмовите на Дизни, а потоа по долга пауза се врати да глуми во празничниот филм на Нетфликс, Falling for Christmas.

Share This Article